Риера: Бенитез нема никаков однос со фудбалерите
18/03/2010 13:03

Играчот за врска на Ливерпул, Алберт Риера е разочаран од односот на Рафа Бенитез кон него и општо кон фудбалерите. Според него тој е неправењдно изосавен од првиот тим.

“Кога вашиот тренер не ви кажува ништо, а вие не сте повредени и тренирате добро тогаш сигурно тој има некакви лични проблеми со вас.“

Ако работам нешто како што не треба, тогаш дојдете и кажете ми. Вие сте мој шеф, вие треба да ги оценувате работите. Тоа е она што најмногу ме боли. Што треба да направам за да играм.“

Сами гледате дека тимот воопшто не игра како што треба, но нема никакви промени. Тоа ме фрустрира затоа што гледам дека можам да помогнам.“

“Овде сум две години и сите проблеми што досега настанале Бенитез не ги решил со зборување. Нема апсолутно никаков разговор меѓу него и фудбалерите.“   

“Јас сакам да играм на СП. Во моментов отворен е само рускиот пазар и имам две понуди. Ќе си ја разгледам уште еднаш ситуацијата и ќе одлучам дали ќе си заминам.“ - рече на крај Риера.

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Што ќе освои сезонава Мурињо





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0500][49]