Бордо уште еднаш минимално за елиминација на Грците
18/03/2010 00:28

Францускиот шампион малку потешко од очекувањата успеа да се пласира во четвртфиналето. Бордо иако и во реваншот победи со 2-1, сепак во еден момент неговиот пласман висеше во воздух.

Натпреварот добро започна за домаќините. Жирондинците имаа водство уште во 5-та минута. Слободен удар од лево изведе Гуркуф, го изненади Никополидис и на својот тим му донесе предност од 1-0. До крајот на првиот дел Гуркуф можеше да го реши натпреварот. Од слична ситуација, но овој пат многу подалеку од околу 30 метри ја погоди пречката на Никополидис.

Во вториот дел во 60-та минута гостите останаа со играч помалку. Дербишаер заради два жолти беше исклучен. Но тоа не ги спречи Грците да изедначат, во 65-та минута Митроглу постигна прекрасен погодок од волеј и изедначи на 1-1. Работите се одвиваа на подобро за грчкиот состав затоа што Алу Диара за само три минути заработи два жолти и во 68-та минута беше исклучен со што силите на теренот се изедначија.

Во ваков развој на настаните на Олимпијакос му беше потребен уште еден гол за пласман понатаму, имаа убава можност Грците преку Торсидис во 79-та минута, но не ја искористија.

На крајот во 89-та минута Чамак со глава закова една топка во мрежата на Олимпијакос и со тоа ја продолжи успешната серија од 7 победи по ред на Бордо во ЛШ оваа сезона.

Французите се најдобриот тим во ЛШ сезонава, 7 победи и едно реми и убедливо изборуваат пласман во четвртфиналето. Ќе бидат противник кој никој нема да ги посака во ждребот во петок.

 

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Што ќе освои сезонава Мурињо





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0500][51]