Актуелниот европски шампион премногу лесно го совлада Штутгарт на Камп Ноу со 4-0. Германците во текот на целиот нетпревар не успеа да се заканат ниту еднаш.

Барса повторно понесена од Меси не му пружи никаква шанса за евентуално изненадување на бундеслигашот. Се беше решено до 22-та минута. Најпрво Лео Меси од далечина постигна прекрасен погодок во 13-та минута, а во 22-та по една контра Јаја Туре му асистираше на Педро на петерец за 2-0.
Во вториот дел во 60-та минута Меси уште еднаш од 16-тина метри прецизно шутираше за 3-0, а конечните 4-0 беа дело на Кркиќ кој само што влезе во игра погоди по убавата асистенција на Ибрахимовиќ.
На крај се добива впечаток дека Каталонците воопшто и не се испотија за да го совладаат Штутгарт вака убедливо. Но затоа е заслужен средниот ред на Барса на чело со Јаја Туре кој одигра одличен натпревар и се разбира Меси кој е во фантастична форма. Сепак факт е дека“швабите“ влегоа без самодоверба, ги положија копјата уште пред да стапнат на теренот.
После ова издание Каталонците се уште остануваат најсериозниот кандидат за одбрана на титулата.