Селекторот на Азурите, Марчело Липи рече дека италијанскиот фудбал не е во криза затоа што има многу екипи кои во првенството играат одличен фудбал, не треба да се гледаат само резултатите од ЛШ.

“Дали италијанскиот фудбал е во криза? Па може и да помислите на такво нешто особено ако ја погледнете ЛШ. На пример во Интер и нема многу Италијанци. Во главно играат странци, а и тренерот е странец.“
“Како и да е италијанскиот фудбал не е во криза. Освен репрезентацијата, вистински претставници на италијанскиот фудбал се и Палермо, Џенова и Наполи. Сите овие екипи играат одличен фудбал, а имаат и одлични тренери.“ - рече Липи.