Фергусон: Арсенал ни се најголема закана по титулата
17/03/2010 03:06

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон изјави дека многу повеќе се плаши Арсенал на да не им ја одземе титулата отколку Челзи. За него најважниот натпревар ќе биде токму оној со “сините“ на Олд Трафорд.



“Се вративме на врвот, но не чека оној натпревар со Челзи. Ова ќе биде многу тешка битка за титулата. Ги имаме Арсенал кој се во одлична форма и најверојатно токму тие и ќе ни бидат најголеми конкуренти за титулата.“


На некој начин титулата е во наши раце затоа што ни гостува (3 април) Челзи на Олд Трафорд и тоа ќе биде најважниот меч за нас. Сепак како што и кажав претходно се плашам од Арсенал кој ако нема проблеми со повреди ќе биде многу опасен по нас.“


“Ќе биде многу тесно до крај. Имаме уште осум средби до крај, а Челзи имаат девет. Се е во игра. Мора да мислите и на гол разликата, во моментов имаме четири повеќе од “сините“, сакав да бидат 14 но тоа е тоа битно е во наша корист.“


И ние и Челзи ќе мора да одиме со помислата дека мора да победиме се до крај за да бидеме шампиони.“ - рече Фергусон.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0269][66]