Историски успех за ЦСКА
17/03/2010 00:01

Севиља испушти историска шанса за пласман во четвртфинале. Шпанците беа изненадени од ЦСКА на Санчез Писхуан. Најголем виновник за тоа е голманот Палоп кој што му кумуваше на победничкиот гол на Русите.



Домаќините започнаа офанзивно како што и најавија. Овој пат голамнот Акинфеев беше на висина на задачата. Младиот голман се истакна уште во 3-та минута. Луис Фабијано имаше фантастична можност, но не успеа да го совлада Акинфеев. 


Оваа неискористена шанса беше казнета во 39-та минута кога младиот чешки репрезентативец Нецид убаво пласираше од 15-тина метри по асистенција на Хонда. Сепак домаќините веднаш израмнија. Хесус Навас асистираше до Пероти, а Аргентинецот рутинирано го совлада Акинфеев за 1-1.


Клучниот момент се случи во 55-та минута. Јапонецот Хонда изведе слободен удар од 25 метри, шутираше силно, Палоп ја имаше таа топка, ја процени, но реши да боксува и си ја заби сам во голот. Катастрофална грешка на така искусен голман, грешка која ги чинеше елиминација Андалузијците.


До крај домаќините не можеа да се совземат од шокот и со исклучок на една-две можности на Пероти и Фабијано и не се заканија ништо посебно.


Русите си ги искористија шансите и заслужено и одат понатаму затоа што во првиот дуел одиграа многу подобро, но немаа среќа, една грешка на Акинфеев ги чинеше неповолен резултат. 







 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0307][54]