Мурињо уште еднаш покажа дека не губи на Стенфорд Бриџ, а Самуел Ето го оствари ветеното дека ќе ја повтори сезоната 2005/06 кога постигна гол за елиминација на Челзи. Пандев кој беше стартер и одигра до 75-та минута ќе го гледаме и во четвртфиналето на ЛШ.
Интер го одигра најдобриот натпревар во ЛШ оваа сезона. Мурињо ја постави вистинската тактика, па Челзи и немаше некоја посериозна можност т.е Цезар не интервенираше ниту еднаш. Еден шут на Балак на почетокот, една прекрасна можност на Анелка, но Самуел убаво интервенираше, исто како и шутот на Дрогба кога Маикон изблокира и тие беа заканите на домаќините.
На спротивната страна Интер и немаше некоја шанса во првиот дел, но одлично одигра во средината на теренот, а во вториот пред да постигне гол имаше три прекрасни можности. Најпрво Ето излезе сам во една акција од Снајдер, но Камерунецот искомпликува и Жирков блокираше. Потоа по фантастичната асистенција на Снајдер и Пандев излезе сам во контра, но повторно Жирков блокираше. Неколку минути подоцна повторно Снајдер убаво проигра, овојпат до Милито кој излезе еден на еден си Турнбул, но шутираше непрецизно.

Клучниот момент се случи во 78-та минута. Интер прекина една акција во средината на теренот Снајдер во празно одлично го уфрли Ето кој прецизно реализираше за огромна радост на Нероазурите.
До крај Челзи не можеше ништо повеќе да стори, Интер лежеше на теренот, глумеше, задржуваше време. Скоро и да не се одиграа 3 активни минути по постигнувањето на голот. Мота успеа да го намести Дрогба кој заработи и директен црвен картон, а Ето можеше и да го зголеми водството, но Турнбул одлично одбрани.
На крај заклучокот е дека Интер сосема заслужено оди понатаму. Одигра навистина зрело и машки, особено во реваншот. Тактички Мурињо одлично ги постави своите играчи и покажа дека одлично го познава Челзи. Во реваншот тешко и дека нешто ќе променеа Ешли Кол, Босингва и Есиен. Едноставно тактички перфектен натпревар одигра Интер.