Алонсо со победа ја отвори новата сезона
14/03/2010 21:33

Возачите на Ферари, Фернандо Алонсо и Фелипе Маса ги освоија првите две места на отворањето на новата сезона во Формула1 за големата награда на Бахреин.



Алонсо ја оствари 22 победа во кариерата и со тоа на најдобар начин ја започна новата сезона за Ферари во дебитанскиот настап за италијанската екипа.



Со оваа победа Алонсо се израмни со Деjмон Хил на десетото место на вечната листа на најдобри возачи во Формула1.

Второто место му припадна на Бразилецот Маса, а трет беше возачот на Мекларен, Луис Хамилтон.

Себастиа Фетел, кој трката ја започна на пол позицијата, ја заврши трката на четвртото место. Младиот Германец беше лидер на трката се до 15 кругови до крајот, но потоа почнаа проблемите со неговиот болид, па во ист круг беше претекнат од двата возачи на Ферари, а потоа и од Хамилтон.

Најдобриот возач во историјата на Формула1, Германецот Михаел Шумахер трката ја заврши на шестото место.


 


Извор: Таратур

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0241][34]