Отиде местото во ЛШ на Италијанците
14/03/2010 13:17

Германската Бундеслига пополека но сигурно излегува пред италијанската Серија А, според коефициентите на УЕФА, па можно е од понаредната сезона од Германија да играат 4 екипи во Лигата на Шампионите.

Досега, како што сите знаеме од Серија А учевстуваа 4 екипи во Лигата на Шампионите, од кои три екипи одеа директно, а една играше квалификации, а од Бундеслигата одеа три, две директно и една со квалификации.

Но сепак, тоа најверојатно ќе се промени. Колку екипи играат во европските купови се одредува според коефициентите на лигите од последните пет сезони.

Заради подобрата игра и подобриот пласман на германските тимови во послдените пет години во следната сезона Бундеслигата излегува на третото место на УЕФА, а италијанската паѓа на четвртото.

Оваа сезона од Германија играа 6 екипи во европските купови (Лига на Шампиони и Лига Европа), а во моментов се преостанати пет, бидејќи испадна само Херта од Лига Европа.

Од Италија пак играа 7 екипи, а во моментов се останати само 2: Интер во Лигата на Шампионите (игра 1/8 финале против Челзи) и тимот на Јувентус во Лига Европа.

По се изгледа Италијанците ќе си ја задржат својата позиција и оваа сезона, но постои опасност за наредната да ја загубат таа позиција и тоа не опасност туку скоро сигурно е да ја загубат позицијата. Тие на стартот од следната натпреварувачка сезона ќе стартуваат со -5 поени во однос на Германците и тогаш ќе мора да освојат некој од куповите за да опстанат на 3-та позиција. 


 


Табела:














































1

ENG



14.642



15.000



17.875



16.625



14.428



78.570


2

ESP



14.642



13.312



13.875



19.000



15.642



76.471


3

ITA



13.571



11.375



10.250



11.928



15.357



62.481


4

GER



14.916



12.687



13.500



9.500



10.437



61.040




 


таратур/спортски.мк

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0310][77]