Дрогба е кралот на Африка
12/03/2010 19:10

Напаѓачот на Брегот на Слоновата Коска, Дидие Дрогба е прогласен за најдобар фудбалер на Африка за 2009-та година. Оваа награда му ја доделија тренерите на афричките репрезентации.



Дрогба го освои првото место пред Камерунецот Самуел Ето и својот соиграч од Челзи Михаел Есиен. Церемонијата се одржа во Акра во Гана, но кој од овие фудбалери не беше да си ги подигне наградите.


Напаѓачот на Челзи кој оваа сезона има постигнато 25 гола беше најзаслужен за пласманот на Брегот на СП во Јужна Африка, а исто му помогна на Челзи да го освои ФА купот.


Сезонава со одличните изданија е еден од главните кандидати за најдобар фудбалер во Премиер лигата.


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0311][72]