Во натпреварите одиграни од 21:00 Јувентус славеше сигурна победа против Фулам со 3-1...Неизвесно ќе биде во реваншите во Бремен и Марсеј, додека Стандард со победата од 3-1 во Атина веќе е во следната фаза...
Валенсија иако доминираше во еден многу интересен натпревар одигра 1-1 со Вердер, голот го постигна со играч помалку откако исклучен беше најдобриот фудбалер на Валенсија на овој дуел Евер Банега. многу контраверзни одлуки на судијата Еткинсон.
Во еден од понеизвесните дуели Марсеј во последните моменти си обезбеди 1-1 со Бенфика во Португалија со голот на Бен Арфа.
Јувентус - Фулам 3-1 (Легротаље 8мин, Зебина 25мин, Салихамиџиќ 45+мин; Етуху 36мин)
Бенфика - Марсеј 1-1 (Переира 76мин; Бен Арфа 90+мин)
Валенсија - Вердер 1-1 (Мата 57 мин; Фрингс 24мин)
Панатенаикос - Стандард 1-3 (Винтра 48мин; Витсел 8мин, Јовановиќ 16мин и Де Камарго 90мин)