Милан недораснат за Манчестер Јунајтед
11/03/2010 02:52

Како што и се очекуваше, Јунајтед и на Олд Трафорд покажа дека Милан оваа сезона не му е дораснат противник и со 4-0 ја сруши традицијата која претходно беше на страната на Росонерите. “Црвените ѓаволи дури во 5-та пресметка меѓу овие тима излегуваат како победник.

Сите тие соништа за изненадување и сензација им ги скрши Вејн Руни уште во 13-та минута. Гери Невил убаво нафрли, а Руни со глава успеа да го совлада Абијати. 

Јунајтед доминираше и во остатокот од мечот. На стартот од вториот дел, во 47-та минута Нани прекрасно го проигра Руни, а овој уште поубаво го совлада Абијати за 2-0. Во 59-та минута веќе беше запечатена и онака познатата судбина на Милан, Кореанецот Парк погоди за 3-0, а конечните 4-0 беа дело на Флечер кој со глава погоди во 88-та минута.

Со ова издание Јунајтед покажа дека е сосема поинаков тим на Олд Трафорд и Милан шансата ја изгуби на домашен терен. Уште еднаш се покажа дека средниот ред на Росонерите е цел за ремонт, апслутно никој ништо не игра, а така е веќе две-три сезони уназад.

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Што ќе освои сезонава Мурињо





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0500][47]