250 милиони евра се доволни само за осминафинале
11/03/2010 02:16

Реал Мадрид и 6-та сезона по ред не успева да го мине осминафиналето во ЛШ. Овој пат на патот им се испречи Лион. “Кралевите“  одиграа само 1-1 што не беше доволно да се анулира поразот од 1-0 на Жерлан.

Ова е и 6-ти последувателен неуспех во дуелите со Лион. Но овој е најболен од сите тие. Сите тие 250 милиони евра кои Реал ги потроши ова лето паѓаат во вода, финалето на Бернабеу кое толку многу го спомнуваа сега можат само да го сонуваат.

Реал одигра фантастично прво полувреме, започна фуриозно, уште во 15-та секунда имаше стопстотна шанса, но не ја искористи Кака. Сепак резултатот од Лион беше анулиран во 6-та минута. Гути одлично го пронајде Роналдо, а овој со силен удар по земја од косо го совлада Љорис. Потоа следуваше вистинска канонада кон голот на Фрацузите, но Љорис одлично бранеше, а и Игуаин кој пропушти две огромни шанси немаше своја вечер. Аргентинецот во 25-та минута го исдрибла и голманот и кога му остана најлесната задача, од празниот гол успеа да ја погоди само стативата.

Во вториот дел гостите тргнаа малку поамбицииозно и успеа да ја избалансираат играта, дури и да доминираат. Домаќините како да решија да ги бранат овие 1-0 и тоа им се врати. Во 75-та минута по една убава акција на Лион, Делгадо го пригра Лисандро кој убаво се загради во петерецот, му ја спушти на Пјањиќ, а Босанецот со лева ја закова топката во мрежата на Касиљас.

До крај реал удри на се или ништо и лесно можеше да се случи и да го загубат овој натпревар ако Лисандро и Делгадо ги искористеа свите 100% шанси.

Со ова уште еднаш се покажува дека парите не вредат ништо во фудбалот. Можете да ги имате и 11-те најдобри фудбалери во светот, но мора да имате и тимски духи тренер кој ќе ги води нив. На Реал сега им остана уште битката за трофејот во домашното првенство.

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Што ќе освои сезонава Мурињо





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0500][51]