Тренерот на Реал Мадрид, Мануел Пелегрини е разочаран од елиминацијата во ЛШ, но заради тоа не размислува да си поднесе оставка, тој сега сите сили ќе ги насочи кон Примера.

“Нема да си поднесам оставка, нема да се откажам од битката. Се разбира дека сум разочаран затоа што сакавме да стигнеме до финале, но јас никогаш не ни сум помислил да си дадам отказ. Ќе мора да им го поставите тоа прашање на директорите.“
“Имавме одлично прво полувреме, две убави шанси, но не успеавме да постигнеме гол. После паузата повеќе бевме концентрирарани да го зачуваме водството. Во вториот дел премногу се обидувавме со идивидуални продори.“ - рече Пелегрини.
Реал 6-та година по ред не ја минува осминафиналната пресметка.