Играчот за врска на Баерн Минхен, Марк Ван Бомел посака да имаат среќа во ждребот, а тоа значи да не се сретнат со Барселона во четвртфиналето.

“Ова беше тежок натпревар по многу тешки услови. Дуваше многу силен ветар кој ни помогна во вториот дел, но исто помогна и при головите на Фиорентина.“
“Тие многу брзо ја анулираа нашата предност. Примивме уште еден, но знаевме дека само еден гол ќе ни донесе продолженија, а за среќа погодивме два пати.“
“Сега само треба да имаме среќа со ждребот. Има многу работи кои можат да одлучат дали одите понатаму или не, зависи дали ќе играте дома или не. Единствено не сакам да се сретнеме со Барселона.“ - рече Ван Бомел кој токму од Каталонците дојде во Баерн.