Играчот за врска на Јувентус, Фелипе Мело, рече дека на Јувентус му се потребни нови играчи кои би можеле да го понесат тимот кога му е најтешко. Токму со повредите на Диего и Дел Пјеро тимот најмногу страдал затоа што немало кој да ги замени.

“Тимот мора да има добар тренер на почеток. Сега ни пристигна тренер со огромно искуство и тоа многу ни помага. На пример сега седиме со Закерони и ги гледаме нашите претходни натпревари и тој ни кажува кои грешки сме ги правеле.“
“Но со сето ова што го кажав не значи дека Ферара беше лош тренер. Многу ми се допаѓаше, но тогаш ни недостасуваа многу фудбалери како Диего и Дел Пјеро. Имаме потреба од 5-6 фудбалери кои би можеле да направат разлика во нашата игра.“
“Сепак како и да е наредната сезона не би требало да имаме проблеми затоа што веќе нема да имаме проблеми со воиграноста.“
“Лично јас добро ја започнав сезоната, но тогаш едноставно снемав енергија и ми беше потребно време за повторно да се вратам. Имав проблеми со ногата, многу ме болеше, но после Божиќ болките попуштија и после малку вежбање во Бразил се вратив во стариот ритам.“
“Фудбалерите се како машини. Ако имате некој проблем, не можете да работите. Јас имав некои проблеми, а и со Купот на конфедерации воопшто и немав време да се одморам.“ - рече на крај Мело кој сезонава не е на нивото на кое се надеваа фановите на “старата дама“.