Алонсо: Се гледаме во четвртфинале
10/03/2010 14:48

Играчот за врска на Реал Мадрид, Чаби Алонсо е разочаран затоа што заради суспензија нема да може да му помогне на својот тим, но најави дека ќе биде тука за четвртфиналето.



Победата против Севиља беше одличен резултат за нас и за нашата самодоверба. Ако го загубевме тој натпревар ќе ни беше многу тешко во овие моменти, но сега сме многу оптимистички расположени во пресрет на Лион.“


“Многу е важно за нас да одиме понатаму. Ќе биде огромно разочарување за нас ако не успееме да се пласираме во четвртфинале. Но играме дома и очекувам победа и пласман во следната фаза.“


Лион одигра навистина одлично во првиот меч, сосема заслужено не победија, но ние бевме далеку од потребното ниво. Се надевам дека денес сето тоа ќе се смени.“


“Малку фрустрирачки е за мене што ќе бидам на трибините и нема да можам да им помогнам на моите соиграчи, но ова нема да бида последен натпревар во ЛШ, па ќе се видиме в четвртфинале. Тимот ќе мора да се соочи и со двете суспензии и се надевам дека тоа нема да се примети и на нашата игра.“ - заврши на крај Алонсо.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0441][66]