Десниот бек на Барселона, Даниел Алвес рече дека Реал не може да бидат лидери во Шпанија затоа што се уште го немаат одиграно “Ел Класико“. За да ја освојат титулата ќе мора да ја победа Барселона.

“Не мислам дека Реал мадрид се вистинските лидери на табелата затоа што ние немаме игра два пати.“
“Очигледно е дека Барселона се фаворити за титулата и сигурно дека нема ние да се предадеме така лесно. Ако Реал сака да биде шампион тогаш ќе треба да не победи нас.“ - рече Даниел Алвес.
“Кралевите“ ланската сезона доживеаа вистински дебакл на Бернабеу кога загубија со 6-2 и со тоа ги загубија и шансите за титулата, но и ја прекинаа одличната серија победи која тогаш ја имаа со Хуанде Рамос.