Десниот бек на Рома, Сисињо кој сега е на позјамица во Сао Паоло изјави дека не разбира како може некој да го критикува Кака кога станува збор за најдобриот фудбалер во светот.

“Кога од Реал дојдов во Рома ја почувствува целата таа слобода. Таму бев како во затвор. Опкружувањето во Реал беше навистина лошо.“
“Раул беше во фокусот на медиумите и тој пренесуваше што се разговаравме во соблекувалните. Клубот почна да тоне откако го напуштија Роберто Карлос и Роналдо.“
“И денес постои отуѓување во тимот. Гледајте како го критикуваат Кака, а станува збор за најдобриот фудбалер на светот.“ - рече Сисињо.