Реал Мадрид - Лион (сре. 20:45)
Интересен натпревар. Многи параметри се во корист на Лион, но Реал игра на домашен терен и има одлични индивидуалци. Французите имаат предност од 1-0, а и немаат загубено од “кралевите“ на последните 5 средби (два пати ремизираа на Бернабеу). Реал ја нема поминато оваа фаза во последните 5 сезони, а во последните три нокаут средби со франнцуски тимови е елимниран.
Реал влезе во една одлична серија и овој викенд за прв пат сезонава се наоѓа на лидерската позиција во Шпанија. Одиграа еден фантастичен натпревар против Севиља, нивниот најдобар сезонава. Направија пресврт и победија со 3-2 иако губеа со 2-0. Со исклучок на поразот од Милан сите други средби на Бернабеу сезонава ги добија во своја корист.
Во добра серија влегоа и Лион. Тимот од Жерлан во последните осум средби има шест победи. Цели 620 минути немаат примено гол. Со овие добри резултати стигнаа до 3-та позиција и ја намалија предноста на Бордо на достижни 2 поени.
Реал Мадрид нема некои посериозни проблеми со повредени играчи. Повредени се Пепе и доскорешниот фудбалер на Лион, Карим Бензема. Проблем за Пелегрини ќе бидат суспензиите на Чаби Алонсо и Марсело. Тоа ќе значи дека Гути ќе добие шанса заедно со Ласана Дијара во средината на теренот, а на местото на Марсело можно е да заигра Гранеро или Ван дер Ваарт. Во нападот ќе биде Игуаин со Роналдо и Кака како поддршка.
Клод Пуел има проблеми со повредените, но пред се од неизвесен карактер. Исто како и на првата средба ќе отсуствуваат Андерсон и Франсоа Клерк, а нов на листата е еден од нивните најдобри фудбалери Бразилецот Бастос. Проблеми со повредите имаат Цезар Делгадо и Али Сисоко, но извесно е дека и двајцата ќе настапат. На местото на Бастос сигурно ќе игра “новиот Жунињо“ Миралем Прањиќ. Во нападот ќе биде Лисандро Лопез со поддршка од Гову и Делгадо.
Овде клучна ќе биде битката на средината на теренот. Колку Макун и Тулалан ќе можат да ги запрат пробивните на Роналдо, Кака и Игуаин. Тоа им успеа на првата средба, кога Реал воопшто и не се закани кон голот на Љорис.
Голем проблем е неиграњето на Марсело, Бразилецот може не беше добар во одбрана, но неговата пробивност вршеше огромна работа. Многу работи ќе зависат исто од Кака, мора да проработи тој ако сакаат да победат со два гола разлика.
Тип: Многу тежок дуел за Реал. Финалето е на Бернабеу, а да стигнат до таму треба да го поминат Лионкој не е ни најмалку наивен противник. Реал може одигра перфектно против Севиља, но тоа беше само во нападот. “Кралевите“ примија два гола од два шута, а резултат од 3-2 не им одговара. Сепак домашниот терен и формата на Игуаин и Роналдо би требало да бидат доволни за победа од два гола. “Кралевите“ би требало да поминат, но под услов да не примат први гол. Во тој случај тешко ќе дадат три гола.
Манчестер Јунајтед - Милан (сре. 20:45)
Ова беше најинтересниот двобој при ждребот, но победата од 3-2 на “црвените ѓаволи“ на Сан Сиро го направи некако најпредвидлив патникот во четвртфинале. Сепак да не им се одземаат шансите на Милан предвреме, иако тие се минимални.
Колку и да е “силен“ Милан, колку и да е “слаб“ Манчестер Јунајтед, “бебињата“ играат на домашен терен, а таму ретко губат, а уште поретко т.е никогаш не се елиминираат кога ќе пристигнат со предност од гостински терен при нокаут фаза. Милан само еднаш успеал да надокнади пораз на домашен терен и тоа во далечната 1955/56, но досега нема загубено ноакут пресметка со Манчестер Јунајтед.
Јунајтед со победата над Вулверхемптон овој викенд успеа да се искачи ина врвот во Англија, но има меч повеќе од Челзи кој е на втората позиција со два поени помалку.
Добрите вести за Ферги и за сите фанови на Јунајтед се враќањето на Руни во составот и тој сигурно ќе настапи на оваа средба. Со сигурно нема да настапат Џон О'Шеј, Вес Браун, Рајан Гигс и Мајкл Овен кои отсутни заради повреда, а Керик е суспендиран заради црвениот во Милано. Одбраната ќе биде комплетна за разлика од првата средба кога Еванс кој настапи место Видќ многу пати киксираше. Флечер ќе го замени Керик и тој заедно со Сколс треба да бидат моторите во средина. Од страните Парк и Валенсија и во нападот најверојатно Бербатов и Руни, а можно е и Нани да влезе во комбинација место Бугаринот.
Милан по поразот од Интер малку кризираше, но повторно се врати во ритам и сега пак е блиску до Нероазурите. Втори се со 4 поени негатива. Радува нивната игра која сега е многу поубва за око и тимот креира многу повеќе шанси отколку во изминатите сезони.
Проблемот со кој се соочува Леонардо е повредата на Алесандре Пато. Бразилецот се повреди пред 10 дена против Аталанта. Иако е во Манчестер многу е малку веројатно дека ќе заигра.Така речиси сигурно е дека Хунтелар и Бориело ќе бидат двоецот во нападот. Роналдињо кој е во одлична форма треба да биде поддршка за нив двајца и најголем храниел со топки. Во средината би требало да бидат Пирло, Сидорф или Бекам и Амброзини.
Тип: Натпреварот е веќе решен. Милан на Олд Трафорд ќе мора да победи со два гола разлика, што се граничи со научна фантастика. Одбраната на Ферги е најдобрата во светот и евентуалната шанса за позитивен резултат треба да се гледа во изданието на “пензионерите“ Амбро и Пирло. Ако овие двајца одиграат на ниво од дуелот со Реал Мадрид сезонава тогаш може и да се случи изненадување. Во друг случај Роналдињо не ќе може без поддршка и со целата одбрана на себе.