Ван Гал: Ја разбрам разочараноста на Фиорентина
10/03/2010 01:59

Тренерот на Баерн Минхен, Луис Ван Гал признава дека Фиорентина треба да жали што не се пласирала понатаму, но сепак е среќен затоа што на крај неговиот тим е во четвртфиналето.

Знам дека е многу тешко за “виолетовите“ да прифатат дека се елиминирани и дека се баш на овој начин, заради голот од офсајд на првата средба.“

“Вечерва видов натпревар со многу грешки, многу тежок дуел за нас. Не ни беше воопшто лесно, но одигравме по земја како што се договоривме и тоа ни донесе резултат во вториот дел.“

Постигнавме два прекрасни голови и многу сум среќен затоа што одиме понатаму. Во последните 10 минути можевме и да постигнеме уште некој гол, но не ги искористивме шансите.“

“Сепак на крај малку е срамота што Фиорентина постигна повеќе голови од нас, а ние се пласиравме понатаму.“ - рече Ван Гал.

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Што ќе освои сезонава Мурињо





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0500][46]