“Пирова“ победа за Фиорентина, Баерн во четвртфинале
10/03/2010 00:15


На Артемио Франки во Фиренца, Фиорентина беше на прагот да си обезбеди пласман во следната фаза, имаа на два пати водство од два гола, но на два пати Баерн се враќаше на брзина и на крај се покажа дека гршката на Овребо на првиот дуел беше клучна.


Во првиот дел се до 27-та минута и немаше некоја посериозна шанса на двете страни, тогаш Маркиони шутираше од далечина, Бут неспретно интервенираше, налета Варгас кој многу прецизно шутираше за 1-0. За одбележување и одличната шанса која ја имаше Робен на спротивната страна, но Холанѓанецот шутираше над голот. Треба да се нагласи дека судијата на два пати со чиста совест можеше да покаже на белата точка за “виолетовите“ затоа што Ван Бујтен на два пати играше со рака во шеснаесетникот.


Во вториот уште на стартот голема радост на домашните фанови. одлична акција на виолетовите“, Џилардино му ја намести на Јоветиќ, а овој силно по земја и донесе 2-0 предност на својата екипа. Сепак само по 6 минути, Рибери продре по левата страна асистираше до Ван Бомел кој беше на врвот од шеснаесетникот и со прецизен удар го совлада Фреј. Гол-шоуто продолжи на Артемио Франки. Во 64-та минута повторно два гола предност, пак Јоветиќ и повторна голема радост за “виолетовите“, резултат кој ги носи во четвртфиналето. Но оваа радост траеше само една минута, потоа Робен постигна еден прекрасен гол со удар од 25 метри.


До крајот на средбата Фиорентина не можеше да се врати уште еднаш, а Баерн пропушти неколку добри шанси со кои можеше даси обезбеди помирна завршница на дуелот.


На крај подобриот тим се пласираше во четвртфиналето, но Фиорентина со оваа победа покажа дека сезонава во ЛШ навистина играше добро и да не беше онаа грешка на Овребо кога им призна  гол од офсајд на Баварците во 89-та минута немаше да биде незаслужено и тие да се пласираат во следната фаза.






Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0353][83]