Арсенал со “петарда“ ги испрати Португалците дома
09/03/2010 23:41

На Емирати Арсенал не му дозволи на Порто да направи изненадување и со убедливи 5-0 ги спушти на земја Португалците и се прошета до четвртфиналето од ЛШ.

“Змејовите“ не издржаа ни 10 минути од притисокот на Емирати. При едно уфрлање на Аршавин во форот, несмасно интервенираше одбраната на Порто и голманот Хелтон, топката се одби до Бентднер и Данецот рутинирано го погоди празниот гол за 1-0. Во 25-та веќе беше 2-0 за домаќините. Аршавини одлично продре по левата страна му ја нацрта на Бентднер, а овој од 3-4 метри само ја постави ногата и погоди. До крајот на полувремето “топџиите“ имаа уште неколку одлични можности за да дојдат до убедливи 3-0. Добри можности пропуштија Аршавин, Вермаелен и Насри.

Во вториот дел, гостите делуваа многу поорганизирано, помотивирано и ги притиснаа Арсенал. Создадоа неколку добри шанси, но Халк, Фалкао и Роландо не ја искористија деконцентрацијата и паниката која во тие 15-тина минути владееше кај Арсенал.

Во такви моменти на паника им беше потребана магија на домаќините и ја добија од Самир Насри. Французинот по десната страна од игра исфрли тројца противнички фудбалери и силно, прецизно од скоро мртов агол ја погоди мрежата на Хелтон за 3-0. Само 3 минути подоцна во 66-та минута Аршавин повлече една контра, во празно го уфрли Ебуе кој избегна офсајд стапица, го издрибла и голманот и погоди за 4-0 и сигурен пласман на домаќините во следната фаза.

До крајот домаќините рутинирано ја одржуваа предноста, а во 91-та минута им се укажа и шанса за “петарда“. Фусиле стартуваше во шеснаесетникот на Порто над Ебуе, досуден беше пенал. Играчите му дозволија на Бентднер да го изведе за да постигне хет-трик. Данецот таа шанса ја искористи и ги постави конечните 5-0.

“Топџиите“ сосема заслужено одат понатаму, покажаа дека поразот во Португалија бил само лош ден. Одиграа добро без Фабрегас и токму средниот ред им ја донесе победата, одличните изданија на Аршавин и Насри кои многу лесно ја разбиваа деанзивата на гостите беа причината за тоа како и Бентднер кој изигра исто фантастичен натпревар.

Од друга страна пак Порто ја повтори катастрофалната игра од сезоната 2008/09 кога загуби со 4-0 на Емирати. Многу лош натпревар, многу лошо движење на сите фудбалери и премногу наивни грешки кои правеа сите играчи. По се изгледа се преценија самите и го потценија противникот. Најслабо издание сезонава во ЛШ на Португалците.

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Што ќе освои сезонава Мурињо





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0600][53]