Поранешниот напаѓач на на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер рече дека начинот на кој што Валенсија сега игра многу го потсетува на Дејвид Бекам, затоа што и на двајцата целта е како да создадат шанса за напаѓачите.

“Антонио е крило кој секој го посакува, тој е сон на секој менаџер. Работи навистина напорно, а има и дефанзивни квалтети. Тој и кога ја нема топката во нозите се обидува да ја одземе од противничките играчи.“
“Тој е навистина нешто посебно затоа што е физички одлично подготвен, а знае како да намести шанса. Затоа и ги сфаќам споредбите на Валенсија со Бекам. Нивата прва мисла е како да создадат шанса за напаѓачите, го користат секој момент за да нафрлат и напаѓачите знаат кога ќе го направат тоа.“ - рече Солскјер.