Во четвртокот бордот на директори на клубовите од Премиер лигата ја разгледуваа можноста за одигрување на плеј-оф натпревари за 4-та позиција која носи место во квалификациите за ЛШ.
Најголеми противници на ова беа Манчестер Јунјатед, Арсенал, Челзи и Ливерпул. Потребно беше 14 од 20 клуба да бидат ЗА оваа идеја. Но и да се донесеше ќе мораше да се чека уште 3 години заради веќе потпишаниот договор за ТВ правата.
“Најважната тема која ја дискутиравме беше плеј оф за четвртата позиција која води пласман во квалификациите за ЛШ.“
“Имаше жестока расправа за ова, секој си даваше свои аргументи, но на крај немаше доволно поддршка за да се избутка оваа идеја. Така да во иднина нема повторно да разговараме за ова.“
“Пред се причината беше физичката подготвеност на фудбалерите, не беше негативниот став на топ клубовите. Едноставно невозможно беше да пронајдеме место во каледарот, а и фуизички играчите ќе бидат исцрпени од напорната сезона.“ - рече извршниот шеф на Премиер лигата, Ричард Скудамор.