
Лошата среќа која го следи Мајкл Овен скоро низ целата своја кариера се повторува и во Манчестер Јунајтед. Напаѓачот на “бебињата“ заради повреда ќе мора да паузира до крајот на сезоната.
“Се работи за лоша повреда и тој ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната. За несеќа повредата излезе малку покомплицирана отколку што мислевме. Ќе биде опериран во понедлник наутро.“
“Ова се многу разочарувачки вести за нас. Мислам дека тешкиот терен на Вембли во неделата има придонес кон ова, но во секој случај се работи повеќе за лоша среќа.“ - рече Фергусон.
30 годишниот напаѓач се повреди на дуело со Астон Вила во финалето од Карлинг купот.