Најголемите таленти во светот (под 21 година)
03/03/2010 02:31

Пошто репрезентации, особено пријателски само по себе не носи некои поинтересни информации, па затоа спортски.мк реши да ви ги претстави најголемите таленти во светот и фудбалери кои во следните сезони би требало да бидат големи ѕвезди. Некои од нив веќе се и во моментов. 

Значи станува збор за играчи до 21 години, сите што се постари не влегуваат во комбинација. Во конкуренција имаше многу фудбалери и се мислевме како да ви ги претставиме. Со оглед дека станува за исклучитено млади фудбалери без некој бекграунд позади себе и не можевме да ги рангираме.

Ќе ви ги претставиме по наш избор 10-те најнадежни фудбалери, а останатите ќе ви бидат само претставени. Со напомена, нели ова и не значи дека е така, ова е само наше мислење. Слободно може да дополните и некои ваши предлози. 

 

1. Серхио Агуеро (21 год. Атлетико Мадрид - Аргентина) - Толку млад, а толку многу натпревари во сите конкуренции зад него. Беше донесен на 17 години на Висенте Калдерон од Индепедиенте каде што дебитираше на 15 години и 35 дена со што го сруши рекордот на Марадона. Пристигна во вистински момент затоа што Атлетико заради неговиот потенцијал се ослободи од Торес подоцна и тој се наметна во вистински лидер на тимот. Моментално неговата вредност се проценува околу 50-60 милиони евра и голем број на клубови се заинтересирани да го донесат во своите редови и ќе биде многу тешко да остане на Калдерон.

2. Марио Балотели (19 год. Интер - Италија) - Ова е најголениот талент што Италијанците го имале после Алекс Дел Пјеро. Толку млад, толку дрзок, невиден талент, брзина и конституција за да биде најдобриот фудбалер на светот. Идеална замена за Кристијано Роналдо, со тоа што ќе мора малку да го промени карактерот. Но за тоа е потребна и поддршка од италијнските медиуми и селекторите кои и не му се баш наклонети, а тоа е само заради неговата боја на кожа. Заради тоа многу пати бил навредуван при гостувањата и може да се рече дека само затоа и неговиот карактер е таков. Мора да го испратат на вистинскиот пат и Мурињо и Липи.

3. Александре Пато (20 год. Милан - Бразил) - Фантастичен напаѓач, каква само елеганција во движење и во завршницата. Многу итар и брз напаѓач кој исрено мене многу ме потсетува на Фернандо Торес. Го гледате така мрзелив, но ќе ви го сврти паметот за секунда и ќе ви даде гол. Лошото е што многу често се повредува, да не беше така уште сега ќе беше напаѓач бр.1 во светот. Исто и тој е баран од гигантите. Челзи и Реал Мадрид се особено загреани за него и би издвоиле цело богатство за да го видат во своите редови.

4. Хуан Мата (21 год. Валенсија - Шпанија) - Уште еден продукт на Валенсија кој за брзо време се етаблираше во еден од најдобрите фудбалери во Примера. Клубот сега слободно може да се ослободи од неговиот ментор Давид Виља затоа што ќе има фантастичен лидер во Мата. Веќе има 7 настапи за “црвената фурија“ и 4 гола зад неговото име. Барселона за него нудеше 20 милиони ова лето, но Ел че знае дека вреди многу повеќе. Станува збор за продукт на школата на Реал Мадрид.

5. Тио Волкот (20год. Арсенал - Англија) - Имаше само 17 години кога дојде на Емирати за тогаш вртоглави 12 милиони фунти од Саутемптон. Изненадувачки уште во својата прва сезона како “топџија“ доби позив во репрезнтацијата и веднаш дебитираше со што стана најмладиот дебитант во историјата на англискиот национален состав. Се работи за исклучитлно квалитетно крило, но проблемот со повредите ќе му бидат огромна кочница за напредок во кариерата. Му се заканува слична судбина како Робен со тоа што мора да проработи на својата завршница која и ја нема. Џабе е да имате некој кој може во еден натпревар 5 пати да ја издрибла противничката одбрана, а да не погоди ниту еднаш кога е очи во очи со голманот.

6. Диего Пероти (21год. Севиља - Аргентина) - Не беше некоја ѕвезда уште од млади години, но со самото заигрување за првиот тим на Севиља експлодираше. Ги искористи лошите форми на некои од играчите во средниот ред и одигра неколку фантастични партии во вториот дел од ланската сезона. Оваа сезона одигра на уште поголемо ниво и веќе е стандарден првотимец и ѕвезда во андалузискот тим. Многу клубови се заинтересирани за него и ништо чудно во летниот преоден рок да ја напушти Севиља. Сезонава е еден од најдобрите фудбалери воопшто во цела Примера.

7. Денилсон (20год. Арсенал - Бразил) - Според тоа како што му се одвива кариерата, судбината му е слична како онаа на Фабрегас, но дали и кариерата ќе му се одвива во тој правец ќе треба да се почекаат уште 2 сезони. Пред две сезони си заминаа многу од фудбалерите во средината на теренот, па Бразилецот мораше да биде фрлен во огнот. Таа шанса ја искористи па скоро секогаш е дел од првиот тим. На неколку натпревари кога Фабрегас беше повреден дури имаше и свои блесоци и постигнуваше многу важни голови. Неуморлив на средината на теренот, но мора да зацврсти ако сака да биде класа подобар од ова што е сега.  

8. Месут Озел (21 год. Вердер Бремен - Германија) -  Еден од најголемите германски таленти кои се појавиле после подолго време. Германците скоро и никогаш немале ваков тип на играч со толку добра техника, брз, полетен, дрзок. Има турско потекло, па може и затоа е различен од типичните германски фудбалери. Особено е добро што го избра Вердер за негова средина т.е тој стил на игра му одговара. Најдобро за него би било да си замине од Бундеслигата ако сака да напредува, веќе Арсенал покажа особен интерес за него.

9. Евер Банега (21 год. Валенсија - Аргентина) - Уште еден Аргентинец кој блесна оваа сезона и дефинитивно нема да му биде лесно на Марадона што да избере. Банега уште лани имаше навистина добри изданија како позајмен играч во Атлетико Мадрид, но сезонава игра на највисоко ниво и е еден од најдобрите фудбалери на својата позиција. Тотално различен тип на играч од спорите Бараха и Албелда и одлично се вклопува во брзата игра на Ел Че. Според тоа каде ќе игра ќе зависи дали ќе игра чисто во средината на теренот или ќе биде деструктивец. Сепак добарата техника, добриот шут и брзината би требало да остане како чист играч за врска.

10. Алан Џагоев (19 год. ЦСКА Москва - Русија) - Ова е еден од најголемите руски таленти кои некогаш се појавиле на терените. Многу се очекува од него ако се знае дека со само 18 години и 116 дена дебитираше за Зборнаја со што е најмладиот дебитант кој заиграл во поле. Акинфеев е се на се најмладиот дебитант. Редовен првотимец на ЦСКА веќе две сезони наназад. Веќе е еден од лидерите на својот тим и е најзаслужен за пласманот во осминафиналето во ЛШ на “армејците“ оваа сезона. Веќе многу европски гиганти се подготвени да го одврзат кесето за него, но тешко дека Русите ќе се откажат од неговите услуги.

 

Овде завршува првата 10-ка. Има уште многу фудбалери кои треба да се споменат и имаат добри остварувања со кои и може заслужуваат место меѓу првите 10. Пред се се мисли на Мика Ричардс (21год Манчестер Сити), Марсело (21 год Реал Мадрид), Стеван Јоветиќ (20 год Фиорентина), Давид Сантон (18 год Интер), Миралем Пјаниќ (19 год, Лион), Миралем Сулејмани (20 год Ајакс), Томас Мулер (20 год Баерн Минхен), Рафаел Да Силва (19 год Ман.Јунајтед), Серхио Каналес (19 год Сантандер), Хавиер Пасторе (20 год Палермо), Киран Гибс (21 год Арсенал), Алекс Санчиз (21 год Удинезе), Муса Сисоко (20год Тулуз), Емилијано Инсуа (21 год Ливерпул), Дејан Ловрен (20 год Лион), Бојан Кркиќ (19 год, Барселона), Стефан Дефур (21 год Стандард), Симон Каер (20 год Палермо) и Дани Стариџ (20 год Челзи).

Има и неколку помлади ѕвезди на кои особено треба да се внимава на нивниот развој. Фудбалер кој го следат скоро сите најголеми европски екипи е 16 годишниот Ромелу Лукаку или новиот Дрогба. Овој веќе белгиски сениорски репрезентативец(нема се уште настап, но има повик) е феномен над феномените. За Андерлехт сезонава има постигнато 13 голови во 22 меча. Со головите против Ајакс тој е третиот најмлад стрелец во историјата на УЕФА натпреварувањата. Во младите категории има многу повеќе постигнати голови отколку натпревари. Можно е да дебитира за Белгија против Хрватска.

 

Друга таква ѕвезда е 18 годишниот Нејмар да Силва од Сантос. Веќе има 22 гола зад себе во дресот на Сантос. Еден Хазард е уште една млада белгиска надеж. Има скоро наполнети 19 години, а фудбалерот на Лил има 10 настапи за Белгија. Дебитираше на 17 години. Во оваа класа спаѓаат и Џек Вилшер (18 год Арсенал), Адем Љјаиќ (18 год Фиорентина), 18 годишните Израелци Гај Асулин и Ејал Голаса, Даглас Коста (19 год, Бразил), Кристијан Ериксен (17 год Ајакс), Џек Родвел (18 год, Евертон), Фернандо Мерида (17 год Арсенал) и уште многу други.

 

Се разбира ќе кажеме и некои наши надежи, пред се Дино Најдовски (17 год Вардар) и Илија Нестровски (19 год Победа).

 

gringo/sportski.mk

Најпопуларно
Интервју
Табели
Офсајд
Анкета
Што ќе освои сезонава Мурињо





Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009 Sportski [0.0500][52]