Претседателот на ФИФА Сеп Блатер изјави дека Јужна Африка без никакви сомнежи е подготвена за домаќин на СП. Тој денес одржа говор како дел од церемонијата 100 дена до СП.
ФИФА соопшти дека веќе 2.2 од 2.9 милиони влезници се веќе продадени, иако се очекуваше продажбата да оди споро. Се очекува околу 450 000 фанови од целиот свет да бидат присутни низ текот на Мундијалот.

Блатер ги посети сите 10 стадиони и сите се завршени со контруктивните градби, само 2 стадиони имаат уште некои мали доградби. Од 4-те аеродроми, сите поголеми проекти во Јоханезбург, КејпТаун и Блумфонтејне се завршени, останува уште да се пушти новиот аеродром во Дурбан на 1 мај.
Доплително се ангажирани(регрутирани) и 41 000 полицајци затоа што оваа земја е една од најопасните за живот. Секој ден се случуваат во просек по 50 убиства.
Пресметано е дека Јужноафриканците кои ќе бидат првата нација од Африка која е домаќин на СП за организација потрошиле скоро 3 милијарди фунти.