Голманот на Реал Мадрид, Икер Касиљас посака неговиот тим да победи со 1-0 на гостувањето во Лион, но при тоа напомена дека воопшто нема да биде лесно како што се претпоставува.

“Вистина е дека на последните средби со Лион бевме многу полоши отколку што се очекуваше, но тогаш игравме само Раул, Гути, Серхио и јас од овој состав. Сега создадовме одличен тим и чуствувам дека со овој состав можеме да обезбедиме пласман во следната рунда, но тоа не значи дека многу лесно ќе го поминеме Лион.“
“Може сезонава се мачат во лигата, но и тие направија промени. Нивните најдобри фудбалери како Дијара и Бензема си заминаа, но нивниот менталитет останува како и претходно. Пак се брз тим, добро избалансиран и многу опасен по слободни удари.“
“Би сакал да постигнеме гол, а да не примиме. 1-0 е идеален резултат за нас.“ - рече Касиљас на крај.