Смешка на неделата: Кака во Јувентус
05/02/2010 00:58

Стварно не знам од каде ги вадат овие шпекулации и кој ги измислува. Значи глупоста беше Кака се враќа во Италија т.е Реал го трампа за Диего и Киелини.


Е сега зошто би се вратил Кака во Италија и тоа баш во Јувентус? Значи апсолутно нема ниту една причина за тоа, ама буквално нема ниту една за да се врати,



Точно е дека не е во таа форма во Реал како што сите очекуваа, но се работи за светска класа на играч и не можете да го продавате само што сте го купуиле. Тоа може после две сезони или да го продадете по сезона, но ако некој ви испрати мега понуда.


Што значи дека ако “кралевите“ се решат да го продадат Кака тоа може да биде само во Челзи или во Манчестер Сити, секоја друга опција е смешка. Евентуално да се врати во Милан, но тоа по две - три години.


Значи со самото тоа што Реал ќе помисли на продавање ќе добие понуда од “граѓаните“ од некои 80 милиони евра. Да не заборавиме нудеа и 120 милиони за него. А Сити да бидеме реалми моментално има поголеми шанси од Јуве за ЛШ (табеларно сега е муабетот, без навреда). Челзи е во игра само поради реноме и Карло Анчелоти, но и клуб кој го посакуваше и има пари за него. Милан е на сентиментална база, скриена опција.



Друга работа е оној вториот дел, трампа за Киелини и Диего. Искрено овие двајца вредат многу повеќе од Кака за Јувентус. Киелини и Диего се најконстантните играчи на “старата дама“ и заедно со Буфон и Сисоко се фудбалерите заради кој и Јуве е на 6-та позиција, а не подоле. Зошто некој би продавал прилично млади и светска класа играчи за да си ја расипе целата концепција. Реално дали е Кака, дали е Диего тоа ама баш ништо не му менува на Јуве, но загубата на Киелини е огромна и ненадомеслива.


Третата работа е доаѓањето на Рибери. Ако Французинот доаѓа на Бернабеу, тогаш е можно Кака да си замине ако продолжи со оваа форма, но тогаш би се разгледувала само продажба се со цел да се покријат парите од тој трансфер, а тогаш се враќаме на првата опција, Сити и Челзи.


Што значи дека овој трејд во јуни е поголема смешка дури и од трансферот на Руни во Барселона. 


 


Gringo/Sportski.mk

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0276][41]