И Рено се повлекува од Ф1
14/05/2009 15:03

  


Кризата во Формула 1 светот продолжува. Откако Ферари најави дека ќе се повлече, сега и тимот на Рено застана на нивната страна и исто најави дека сезоната 2010 ќе се започне без нив ако не се променат правилата.


Флавио Бриаторе се заканува дека ако не се усвои буџетот од 40 милиони фунти за следната сезона ќе го напуштат шампионатот. “Ако ФИА не промени некоја своја одлука ние ќе немаме избор освен да се повлечеме по завршувањето на сезоната.“ - изјави шефот на Рено.


Сите ови тимови кои сакаат да се повлечат(Ред Бул, Тојота и Торо Росо ги подржаа) сакаат да имаат слобода во техничките пронајдоци и да имаат неограничен буџет.


“Рено секогаш сметаше дека Ф1 е врвот на автомото светот и совршено место за да ги демонстрирате техничките моќи. Сега не може да биде уклучени во нешто што е спротивно на тоа и со такви правила. Ако не дојде до промена на тие правила ние ќе бидеме присилени на повлекување.“ - изјави претседателот на францускиот тим, Бернард Реј.


За сите овие проблеми, ФИА ќе дискутира на состанокот во Хитоу утре на кои ќе присуствуваат преставници од сите тимови, Макс Мозли, претседателот на ФИА и сопственикот на повеќето акции Берни Екелстоун.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0908][54]