Тапа зимски преоден рок
02/02/2010 01:27

Помина и 1 фебруари, заврши и зимскиот преоден рок кој со право може да се рече дека беше најдосадниот во поновата историја. Никакви спектакуларни трансфери. Самото тоа што трансферот на Ловрен од Динамо во Лион за 9 милиони евра е најскапиот ова зимо кажува се.



Сепак па ако гледаме од аспект на македонски фудбал в овој трансфер период се случија два многу значајни трансфери за нас. Сагата на Горан Пандев во Лацио заврши и тој потпиша со актуелниот шампион Интер, а најдобарот фудбалер во македонското првенство Бесарт Ибраими потпиша за една од најдобрите германски екипи Шалке 04.


Уште неколку наши фудбалери ги променија боите. Репрезентативецот Даниел Мојсов потпиша за Војводина, од таму пак си замина Влатко Гроздановски и се врати во Кипар, во дресот на АЕЛ Лимасол.  Игор Митрески е нов член на бугарската ЦСКА. 


 


Еве некои поинтересни трансфери во европски рамки:


Дејан Ловрен 9 милиони евра (Динамо Загреб - Лион)


Едуардо Салвио 8 милиони евра (Ланус - Атлетико Мадрид)


Адем Љаијиќ 7 милиони евра (Партизан - Фиорентина)


Синама Понгол 6.5 милиони евра (Атлетико Мадрид - Спортинг)


Јунес Кабул 5 милиони евра (Портсмут - Тотенхем)


 


Најинтересни по се изгледа беа позајмиците и многу такви трансфери имаше во овој преоден рок, еве некои поинтересни. Лука Тони (Баерн - Рома), Дејвид Бекам (Л.А.Галакси - Милан), Лендон Донован (Л.А.Галакси - Евертон), Тјаго Мендес (Јувентус - Атлетико Мадрид), Кандрева (Ливорно - Јувентус), Керисон (Барселона - Фиорентина), Мансини (Интер - Милан), Роби Кин (Тотенхем - Селтик) итн. 


 


Како и да е не очекува и не толку интересен летен трансфер период. Можно е неколку ѕвезди да ги променат клубовите. Пред се тоа значи за Франк Рибери, Давид Виља, Давид Силва, Марек Хамшик, Един Џеко и Серхио Агуеро. Помали шанси има за Фабрегас, Пато, Торес и Џерард. Тоа пред се ќе зависи од крајниот исход на нивните клубови.

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0893][56]