Според италијанските медиуми, фудбалерот на Милан и двојниот освојувач на “ФИФА фудбалер на годината“, Роналдињо, најверојатно ќе го напушти Сан Сиро ова лето.

Според агентот и негов брат, Роберто Азис прерано е тој да се врати во Бразил, но има интерес од Премиер лигата. “Нема шанси тој да се врати во Бразил. Но ако ме прашате дали ќе го смени клубот, тогаш јас ќе ви одговорам дека има интерес од многу европски клубови.“
Според извештаите, Манчестер Сити е тимот кој е најблиску до потпис на Бразилецот. “Граѓаните“ правеа огромни напори и во ланскиот летен преоден рок да го донеста, но тој се реши за Милан. Предонста на “плавите“ е финансиската стабилност, како и имањето на веќе бразилски ѕвезди во тимот, од тимпот на Робињо и Елано кои се и репрезентативни колеги со Дињо и доста добро се познаваат со него.
Желбата да игра во Англија ја имаше уште во годините кога настапуваше во Барселона, му се појави од ривалитетот со Челзи. Сакаше да го остети тој фудбал и да види дали ќе се снајде таму и зошто сите викаат дека е тешко за Бразилец да се снајде во Англија.
Такви некои провокативни работи, во кои ќе треба да се докажува може да го му го кренат моралот и да му ги зголемат мотивите на Бразилецот. Ќе игра во малку послаб, но надежен и финансиски стабилен клуб, а ќе треба да се докажува против екипи од светскиот крем, како Манчестер, Арсенал, Ливерпул и Челзи. Во секој момент ќе има медуми надвиснати над него, ќе има атмосфера на трибините, тоа е тоа што би требало да ву ги врати повторно мислите на фудбалот.
Дефинитивно ваков тест му е потребен ако сака да се врати на славната кариера. Ќе згреши многу ако не се премине во некој клуб од Премиер лигата, макар тоа било Астон Вила, Тотенхем или Евертон.
Останува на него дали сака само да се забавува или да се забавува додека игра фудбал како во времето додека играше за Барселона.
gringo/sportski.mk