
Како што пишува Daily Star еден од напаѓачите кои Арсен Венгер ги следи е летното засилување на Мулан, Клас-Јан Хунтелар.
Иако и самиот Хунтелар, како и потпреседателот Галијани изјавија дека Холанѓанецот ќе остане барем до крајот на сезоната на Сан Сиро, не се отфрла можноста Арсенал да го позајми до крајот на сезоната.
Најголемиот проблем за позајмицата е големата плата од 65 000 фунти што Хунтелар ја зема , а “топџиите“ не сакаат да ја исплаќаат цела.
Доколку се сложат во врска со оој детал можно е Хунетлар да пристигне на Емирати и со тоа да заврши потрагата по напаѓач кој би гозаменил Робин Ван Перси кој е во аут до крајот на сезоната.