Најскапиот фудбалер во Англија, Робињо, рече дека се враќа во Бразил се со цел да се избори за место во репрезентацијата на “кариоките“ за СП оваа година.
Робињо кој ланската сезона пристигна во Манчестер Сити за рекордни 42.5 милиони евра од Реал Мадрид и беше првата поголема ѕвезда во овој тим и мамка за да пристигна останатите ѕвезди сега е прекуброен во тимот на Манчини. Италијанецот му порача да се бара нов тим.

“Најважното е да бидете среќни таму каде што сте. Не е се во парите. Во овие моменти минувам низ многу тежок период. Манчини ми рече дека ќе играм уште само еден натпревар и повеќе не во дресот на Сити. Не го прифаќам тоа, му реков ова е година на Светско првенство.“
“Би сакал да се вратам во Бразил. Директорите ми рекоа дека е добро да ме позајмат таму. Би било одлично да се вратам во Сантос. Таму би се изборил за место во составот на Бразил за СП. Сантос е мојот дом, ги познавам сите.“
При тоа Робињо откри дека Диего му порачал да се пресели кај него во Јувентус, на што Робињо му одговара: “Ди, ќе биде порано да станам рибар отколку да играм за Јувентус. Се враќам во Бразил.“
Освен Сантос во игра е и Барселона.