
Институтот за фудбалска историја и статистика (IFFHS) го прогласи фудбалерот на Барселона, Чави за најдобар плејмејкер во изминатава година.
Жирито кое беше составено од 81 стручњаци од земијите ширум светот им даде поени на 19 фудбалери. Чави доби најмногу, додека Лео Меси и Кака завршија позади него. Уште еден фудбале на Барселона заврши меѓу топ 5, Андрес Иниеста.
Победникот Чави беше еден од најзаслужните што Барселона освои 6 трофеи во изминатата година, меѓу кои и Лигата на Шампиони и Примера.
Вчера овој институт втор пат едно по друго го прогласи Касиљас за најдобар голман во светот.
Конечен пласман:
1. Чави (Барселона) 164
2. Лео Меси (Барселона) 143
3. Кака (Реал Мадрид) 99
4. Андрес Иниеста (Барселона) 98
5. Стивен Џерард (Ливерпул) 54
6. Фабрегас (Арсенал) 45
7. Кристијано Роналдо (Реал Мадрид) 41
8. Франк Лампард (Челзи) 35
9. Андреа Пирло (Милан) 26
10. Верон (Естудијантес) 13