Адебајор: Зошто мораше да бидеме токму ние?
11/01/2010 14:53

Капитенот и најдобриот играч на Того, Емануел Адебајор, е шокиран од терористичкиот напад врз неговата репрезентација. Рече дека се вратиле затоа што владата го побарала тоа од нив, грижејќи се за нивната безбедност.



“Шокиран сум од сето ова што се случи. Разочаран сум од организацијата во Ангола. Зошто токму ние? Зошто е потребно убивање во ова модерно време во кое живееме?“


“Зошто? Зошто? Зошто? Ова е мојот најлош период во животот. Не сакам апсолутно никој да го доживее она низ што минам јас во овие моменти. Загубивме пријатели во период кога требаше да се забавуваме.“


“Владата не контактираше и ни рече да се вратиме затоа што безбедноста беше на ниско ниво. Тие се сосема во право затоа што нивната цел пред се е да се заштитат луѓето.“


Сакам сето ова да го извадам од мојата глава, но невозможно е во моментов. Ќе треба да помине време.“ - рече Адебајор.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0278][97]