Терористите му се заканувале и на Дрогба
11/01/2010 14:02

Селекторот на Брегот на Слонова Коска, Вахид Халилхоџиќ, изјави дека терористите кои го нападнаа автобусот на Того му се заканувале и на Дидие Дрогба.



Дрогба доби позив од Челзи и му беше соопштено дека и тој ќе биде на мета на терориститите. Заради тоа тој во саботата беше неспокоен и јас неколку саати го убедував да остане и го охрабрував.“


“Му реков дека јас на времето минев низ далеку поголем пекол од овој, потоа го уверував дека обезбедувањето во Кабинда ќе биде на ниво и веќе неговата состојба се подобри.“


“Беше многу потресен кога ги посетивме фудбалерите на Того. Всушност кај сите на учесници во оваа група во Кабинда има нервоза и паника. Дојдоа 6 министри од анголската влада и не убедуваа дека се ќе биде во ред и да не го напуштаме турнирот.“ - заврши Халилхоџиќ.


Инаку терористичката група кој удри по експедицијата на Того се бори за независност во овој дел од Ангола. Во нивниот напад загинаа тројца членови од експедицијата на Того, голманот и играчот кои беа повредени се опоравуваат и се надвор од животна опасност. 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0581][81]