Андреј Вороњин и официјално во Динамо Москва
10/01/2010 18:03


Напаѓачот на украинската репрезентација, Андреј Вороњин и официјално е новиот фудбалер на Динамо Москва откако Украинецот денес го комплетираше трансферот од Ливерпул во рускиот гигнат.


Вороњин кој што за ливерпул постигна само 5 голови во 40 настапи потпишал три годишен договор со Динамо. Се верува дека за овој трансфер Русите платиле околу 2 милиони евра.


“Имав опции да ја продолжам мојата кариера во Германија, а имав и неколку понуди во Русија, но на крај се одлучив за Динамо Москва.“


“Ми се допаѓаше како тие ми пристапија и разговорите кои јас лично ги имав со тренерот Андреј Кобелев. Мислам дека руската лига е многу квалитетна.“ - рече Вороњин кој во 2007-та на Енфилд пристигна од Леверкузен, а лни беше позајмен на Херта.

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0282][87]