Според последните информации репрезентацијата на Того го откажа своето учество од Африканскиот куп на Нации.
Автобусот на репрезентацијата на Того вчера беше цел на терористички напад во Ангола која е домаќин на Африканскиот куп на нации. При тоа загинаа возачот, асистент тренер и новинар, а според последните информации на раните им подлегнал и голманот на Тогоанците.

Того во понеделник треба да игра со Гана, но фудбалерите според последните информации се подготвуваат за заминување дома.
Самиот Емануел Адебајор кој е капитен на Того изјави дека се враќа во Манчестер. “Адебајор и неговата девојка се враќаат дома. Ние цело време сме во комуникација со неговите агенти. Дефинитивно тој ја напушта Ангола.“
На пат за Англија е и играчот на Астон Вила, Мустафа Салифу. Експедицијата на Того ги наговара и останатите репрезентации да го напуштат Африканскиот куп на Нации, но како што известува домаќинот, првенството ќе се одржи под зголемено обезбедување.