
Италијанскиот тим на Ферари, најтрофејниот тим во Ф1 најави дека е можно да го напуштат превенството на крајот од оваа година.
Причината за која би се одлучиле на такво нешто е можноста да Меѓународната автомобилска асоцијација(ФИА) да го ограничи буџетот со кои тимовите ќе располагаат во тек на една сезона.
Ферари се бунеа и кога се донесе законот за стандардизирање на моторите во сите тимови.
“Дознавме дека во Ф1 за првпат во историјата ќе имате два вида на правила. Едното ќе биде врз основа на техичкиот дел, а другото во основа на финансискиот дел.“
“Ферари постои од почетокот на Ф1 од 1950год. Но ако се донесе се она што се плаинра т.е е најавено Ферари без никакви размислувања ќе го напушти Светското првенство.“
“Многу правила кои го унапредија овој спорт и му донесоа вистинска револуција во последните 25 години сега се ставени на страна. Ако не се поштуваат конструкторите и дечките кои се тркаат и ако не се сменат овие одлуки, Ферари го напушта првенството за да ги заштитиме интресите на нашиот тим.“ - гласи извештајот на Ферари за јавноста.
Тимот на “црвеното коњче“ има освоено 16 титули во конструктори и 15 во поединечна конкуренција или севкупно имаат 209 победи на Гран При трките.