
Поранешниот селектор на Бразил и португалија, како и менаџер на Челзи, Луис Фелипе Сколари, призна дека деновиве имал понуда да од “старата дама“ која по брза постапка ја одбил.
“Да вистина е, добив понуда од Јувенутс, но ја одбив затоа што во моментов максимално сум задоволен од условите кои ги имам во Бунјодкор. Ги имам сите услови кои ми се потребни, па ќе останам во Узбекистан се додека мојот договор не истече. Ќе биде тоа по секоја цена, макар добил и било каква примамлива понуда.“ - рече Сколари.
Сколари зема 16 милиони евра во узбекистанскиот шампион и со тоа е најплатениот тренер во светот. Јувенутс има лоша серија од 5 порази во последните 6 средби и заради тоа управата размислува за замена на Чиро Ферара.