Лацио - Сампдорија
12/05/2009 23:47


Лацио - Сампдорија(сре. 20:45) Финале на купот на Италија


 


И двете екипи преку купот на Италија гледаат спас на сезоната. Кој ќе загуби ќе има пропадната сезона.


И едните и другите се надеваа на стартот на првенството дека ќе обезбедат учество во евро куповите, но преку пласманот во лигата. Лацио моментално се десети, а Сампдорија 12-ти.


Лацијалите стартуваа доста добро во првенството. По првите неколку кола дури и беа лидери на Серија А, но потоа настана една голема криза во средишницата на првенството и ги оддалечуваше од горниот дел на табелата. Сепак при крајот на шампионатот се вратија во добра форма и така и влегуваат на овој дуел.


Сампдорија пак имаа очаен старт. Во првите седум кола беа без победа и го грееа дното на табелата, за потоа некако да се разбудат и при крајот на шампионатот да ја избегнат битката за опстанок.


Тимот на Делио Роси може да се каже имаше потрнлив пат до финалето. Мораше да го помине Милан во четвртфиналето, а потоа и Јувентус во полуфиналето. Во сите овие пресметки со гигантите славеше победи. Последен пат играа во финале во 2004 година кога и го освоија.


Сампдорија пак требаше да помине преку Удинезе во четвртфиналето и во полуфиналето го изненади шампионот Интер кога на Луиџи Ферарис  го совлада со 3-0. Потоа Интер пирово победи со 1-0 и тоа значеше пласман на тимот од Џенова во финале на купот за прв пат после 1994год кога и за последен пат се радуваа.


 


Во сотавот на Валтер Мацари, дефанзивецот Пјетро Акарди е повреден, а не се знае дали Санмарко ќе игра. Се очекува група од 18 000 навивачи да дојдат на Олимпико и тие да бидат големата подршка на Сампдорија. На натпреварот со Интер ги имаше 13 000 и направија одлична атмосфера на Џузепе Меаца.


Кај Делио Роси коцките се склопија во последен момент. Според информациите од официјалната страна на Лацио, нашиот репрезентативец е спремен за игра и тој беше во стартниот состав на тимот, објавен на страната. Единствено под знак прашалник е играњето на Пасквале Фоџиа. Таа одлука Роси ќе треба да ја донесе пред почетокот на натпреварот. Матузалем ќе го пропушти финалето поради суспензија.


 


Според составот и според формата Лацио влегува како фаворит. И на двете екипи напаѓачите им се најсилната страна. Се надевам дека Роси ќе стартува со триото Пандев-Роки-Зарате и уште од старт ќе тргне на трофејот. Пандев може ќе биде и клучнот играч на овој натпревар. Ќе видиме колку повредата ќе влијае на него. Тој треба да биде врската помеѓу средината и нападот и ќе треба да дели топки на Зарате и Роки. Добро ќе биде и ако Маури добие шанса од старт. Па само Ледесма и Броки да бидат во средина.


Сампдорија пак ќе биде опасна странично, преку Падалино и Касано. Да не го заборавиме и Пацини кој е во одлична форма во вториот дел од шампионатот и ќе биде голема закана по голот на Муслера.  Кај Сампдорија најквалитетна страна е цврстата средина. Може немаат добри креативци, но се се тоа цврсти играчи предводени од Паломбо кој има исто добра сезона и на големо се шпекулира некој негов трансфер во поголем тим.


Малата предност на Лацио е во бековските позиции. Тоа е нешто што тимот од Џенова го нема. Лихштајнер и најверојатно Коларов(Раду) се солидни во офанзивните улоги и тоа е голема предност за “небесно плавите“. Ако Сампдорија ги затвори тие пробиви и ја згусне средината и не им доволи многу простор на Пандев и Зарате тогаш може да се надева на поволен резултат. Ќе треба да прават мали ситни фаули над овие двајца и да ги натераат со грб да ја примаат топката. Во тој случај и двајцата не се толку опасни. Натпревар со малку голови им одговара на тимот на Мацари и само во тој случај ќе ја повторат 1994.


 


мој тип: 2-1(Лацио)


gringo/sportski.mk

Најпопуларно
Интервју
Офсајд
Анкета
Кој ќе ја освои Лигата на шампионите










Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0829][47]