УЕФА во соопштение за медиумите објавила дека „постоеле очигледни неправилности и шеми за обложување“ за време на натпреварот, а тие неправилности се однесувале за бројот на постигнати голови и бројот на досудени пенали.
Портпаролот на УЕФА Роб Фолклонер пак изјави дека одлучиле да не го назначат Генов за арбитер на престојните натпревари во Европа се до следното известување.
Спортските обложувалници дале известување за премногу уплатени ливчиња на кои имало минимум три постигнати гола, колку што и беа постигнати на натпреварот. Исто така и за бројот на пенали кои ќе бидат досудени од страна на судијата, а беа досудени четири пенали. Канадските фудбалери промашија два пенали кои им беа досудени. Азиските облужувалници исплатиле 8 милиони евра за овој натпревар.
Генералниот секретар на канадската фудбалска асоцијација, Питер Монтополи изјави дека ниту еден тренер или фудбалер не бил контактиран од официјалните лица во врска со скандалот.
Портпаролот на Фудбалската федерација на Македонија, Зоран Николовски за Макфакс, потврди дека никој од фудбалерите или тренерот не биле контактирани од УЕФА.
Американскиот дневен весник „USA Today“, пишува „Интересен детал е што ден пред отстранувањето на Генов од Европскиот комитет на фудбалски судии, Бугарскиот фудбалски сојуз беше распуштен, а членовите беа ослободени од должност“. Еуроспорт, пак тврди дека Генов бил суспендиран откако УЕФА успеала да ја докаже неговата вмешаност во скандалот, што други медиуми тоа не го објавија.
Македонската фудбалска репрезентација ја победи репрезентацијата на Канада со 3:0 на пријателскиот натпревар кој се одигра на 17 ноември во Струмица.
спортски.мк/ таратур