
Капитенот на репрезентацијата на Гана, Стивен Апија, призна дека селекторот на Гана Рајевиќ сака во составот за СП да ја вклучи и младата ѕвезда на Интер, Марио Балотели.
“Гана веќе има силен состав, но ние ќе бидеме многу посилни ако го имаме Марио. Сакаме да поминеме добро во Јужна Африка и зошто да не пробаме да го имаме Балотели во репрезентацијата.“
“Ќе бидеме многу среќни ако Балотели заигра за нас и ни помогне. Веќе докажа дека е квалитетен низ своите настапи. Иако е многу млад тој веќе има собрано многу респект и искуство.“ - заврши Апија кој овој викенд се очекува да дебитира за Болоња.
19 годишниот Марио Балотели е роден во Италија, но води потекло од Гана т.е неговите родители биле од Гана. Досега има настапувано само за репрезентацијата под 21 година на Италија.