
Напаѓачот на Манчестер Сити, Карлос Тевез, рече дека пред неколку години додека играл за Вест Хем му пришол Анри и го поканил да дојде во редовите на Арсенал.
“Кога играв за Вест Хем и кога игравме против Арсенал, после натпреварот на паркингот ми пријде Анри и ми рече: Еј што правиш тука? Ајде дојди и играј за нас. Чудно е што не можеш да играш тука во првиот тим“
“Сепак да се борам за моето место не ми пречеше. Се навикнав на тоа. Тоа го правев во сите големи клубови каде играв. Во Бока, Коринтијанс, Вест Хем, Јунајтед и Сити. Нормално е да има многу добри напаѓачи. Никогаш не ја наведнав мојата глава. Колку беше потежок предизвикот толку повеќе напор вложував за да се изборам за стартно место. Тоа го правам и овде во Сити.“ - рече Тевез.