Л.А.Лејкерс(1) - Јута(0) 113 - 100
Играа толку колку да ги победат Јута, кој некако како да се исплашија. Ако сакаат да направат брејк и да поминат преку Лејкерс мора да го надминат фактот "гостински терен". Џезерите сезонава имаат само една единствена победа на гостински терен во дуели со екипи кои имаат позитивен скор. Тоа е мизерно за една вака квалитетна екипа. Друг факт беше неиграњето на Мемо Окур. Многу веројатно е Турчинот да ја пропушти целата серија.
Инаку ништо од доминацијата на Бајнам и Гасол под кошевите. Јута ги надскока со 46-38 од кои дури 20 офанзивни скока. Едноставно Џери Слоун треба да се замисли како може една екипа со толку многу офанзивни скокови да не победи. Лошата реализација во нападот на Јута беше главната причина за тоа или добрата реализација на Лејкерс. Сепак одам со првото , бидејќи сепак тоа беа промашувања од чисти позиции. Од другата страна Лејкерс во првото полувреме имаа одлични 66% шут и тоа би рекол со добра одбрана од страна на Јута.

Битната разлика Лејкерс ја направија во средината на втора кога Јута имаа серија од 6-0 и се доближија на -10(32-42), тогаш на сцена стапи Коби со 9п по ред за својот тим и со добар напад од своите соиграчи отидоа на +22 на полувреме. Вториот дел беше само една обична рутина. Кај Лејкерс одличен беше Ариза кој имаше солидно издание во првиот дел, додека на споротивната страна единствено Бузер беше солиден, додека Дерон беше одличен организатор на нападот, а лош реализатор со само 4-14 шут од поле.
Л.А.Лејекрс: Коби Брајант 24п 8ас, Ариза 21п, Гасол 20п 9с и Ламар Одом 13п 8с.
Јута: Дерон Вилијамс 16п 17с, Бузер 27п 9с и Пол Милсап 15п 8с.