
Крилото на Арсенал, Андреј Аршавин, се уште е шокиран затоа што руската репрезентација не успеа да се пласира на СП во Јужна Африка.
“Се уште не можам да се помирам поради фактот што нашата репрезентација не се пласираше на Светското првенство. “
“Словенија апсолутно заслужи пласман на на СП. Ние сега мораме да останеме позитивни и да гледаме во иднината. Тоа е лесно да се рече, но ќе биде потешко да се направи. Искрено не знам што ни се случи. Не смеевме да го примиме оној гол во Русија, но и покрај тоа верувавме дека ќе одиме во Јужна Африка.“ - рече Аршавин.