Во синоќешните натпревари во НБА, нови победи забележаа Орландо, Бостон, Л.А.Лејкерс и Феникс. Серијата од три порази по ред ја прекина Мајами.
Торонто (6-8) - Орландо (11-3) 96 - 104
Орландо ја забележа и 5-та последувателна победа. Торонто имаше и +11 во втората четвртина, но во тие моменти Орландо направи серија од 10:0 за 37-37, а во последната четвртина пвтори уште една таква серија со што поведе со 90:80 и со тоа веќе го реши натпреварот.
Торонто: Крис Бош 22п, Хозе Калдерон 16п, Амир Џонсон 14п и Туркоглу 12п
Орландо: Винс Картер 24п, Двајт Хауард 17п 12с, Џејсон Вилијамс 16п и Џеј-Џеј Редик 19п
Њујорк (3-10) - Бостон (10-4) 105 - 107 после едно продолжение
Кевин Гарнет беше јунакот на "детелинките" бидејќи успеа со звукот на сирената да им донесе победа во Медисон Сквер Гарден. Претодно уште во регуларниот дел Рондо можеше да им донесе победа, но неговиот шут за три поени беше непрецизен.
Њујорк: Ал Херингтон 30п 9с, Дејвид Ли 22п 15с и Нејт Робинсон 19п
Бостон: Пол Пирс 33п 9с, Кендрик Перкинс 16п 13с, Раџон Рондо 14п 10ас 9с и Реј Ален 13п
Шарлот (4-9) - Индијана (5-9) 104 - 88
Шарлот го имаше најдобриот офанзивен натпревар оваа сезона. "Рисовите" се екипата која постигнува најмалку кошеви сезонава.
Шарлот: Борис Дијао 17п, Џералд Валас 11п 11с, Дерек Браун 13п и Назер Мохамед 18п
Индијана: Дантеј Џонс 19п, Дени Грејнчер 18п и Брендон Раш 11п
Мајами (8-5) - Њу Орлеанс (6-9) 102 - 101
Мајами поведе од почетокот на натпреварот и тоа водство го одржаваше се до тројката на Поуси на стартот на последната четвртина. Од тој момент па се до крајот и двете екипи се менуваа во водство. Удонис Хаслем погоди шут на 15 секунди до крај и ги донесе "жешките" во предност од +1. Дејвид Вест имаше шанса во последната секунда да им донесе победа на "стршлените", но неговиот шут беше непрецизен.
Мајами: Двејн Вејд 31п, Мајкл Бисли 17п 9с, Џермејн О'Нил 15п и Удонис Хаслем 14п
Њу Орлеанс: Маркус Торнтон 24п, Дарен Колисон 11п, Предраг Стојаковиќ 14п Дејвид Вест 13п и Џејмс Поуси 14п
Феникс (11-3) - Детроит (5-9) 117 - 91
Феникс: Амари Стадемаер 21п, Стив Неш 20п, Џејсон Ричардсон 17п и Горан Драгиќ 13п
Детроит: ДеХуан Самерс 13п, Чарли Виланова 13п и Вил Бајнам 11п
Л.А.Лејкерс (10-3) - Оклахома (7-7) 101 - 85
Л.А.Лејкерс: Коби 26п, Ендрју Бајнам 25п 9с и Пау Гасол 15п
Оклахома: Кевин Дурент 19п и Расел Вестбрук 14п 7с 7ас