Хаџи-Ристевски убедливо до третиот мандат
21/11/2009 16:42

Досегашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Харалампие Хаџи Ристески денеска по трет пат е избран на чело на федерацијата.



На Изборното собрание, одржано попладнево во Скопје, од вкупно 97 делегати со право на глас гласаа 85. Од нив Хаџи-Ристески доби 82, а неговиот против кандидат Благоја Николовски три гласа. С


Веднаш по победата, која за староновиот претседател значи уште четири години раководење со ФФМ, Хаџи Ристески повика на единство помеѓу фудбалските работници.


“Посакувам сите недоразбирања помеѓу луѓето кои работат во фудбалот да бидат надминати. Верувам дека со помош на Агенцијата за млади и спорт, Централниот регистар и некои други институции на Владата проблемите и несогласувањата ќе ги решиме за доброто на фудбалот. ФФМ има многу зацртани проекти кои во наредниот период ќе бидат реализирани, а еден од нив е големиот тренинг центар во Скопје каде што ќе биде и новата „Куќа на фудбалот“, рече Хаџи Ристески за А1.com.mk.


 


После оваа убедлива победа на Хаџи-Ристевски прашањето кое сите ние си го поставуваме, ’дали има маж кој што може да го смени Хаџи-Ристевски’!? По кој знае кој пат тој успеа да ги победи сите медиуми кои беа против него, не влијаеа ни најмалку сите тие шпекулации за мито кои излегоа против Хаџи-Ристевски. Тоа нели докажува дека луѓето имаат голема верба во него и фудбалот оди по правиот пат. 


 

Најнови вести
Видео
Тип 1x2
ТИП 1х2

Контакт | Маркетинг
Copyright © 2009-2012 Sportski [0.0248][93]